Неда Украден: Кога ништо не помага, тука е липосукциската диета

Instagram
Instagram

Пејачката која во август ќе наполни 71 година, воодушевува со прекрасниот изглед, а како што вели, тајната е во грижата за себе, која со текот на годините се менува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Некогаш беше лесно да ослабам, но денес кога ништо не помага, тука е липосукциската диета. Се трудам во овие години првенствено да се грижам за здравјето, па со тоа и за изгледот. Кога ќе забележам дека имам вишок килограми, му се јавувам на пријателот Кенан Мандра (нутриционист н. з.) да ми ја донесе мојата „липо“, со која за кратко време се враќам во форма. Ми се допаѓа тој систем на слабеење, бидејќи дава брзи резултати, а не се чувствувам гладно и исцрпено во текот на режимот. Се разбира дека и редовно вежбам, играм тенис и пливам. Не пушам цигари ниту пијам алкохол, освен една-две чаши вино. Јадам медитеранска храна, само на скара или варена, а производите мора да бидат свежи. Секако дека понекогаш за да ми помине меракот јадам и бурек, но тоа е многу ретко, вели Неда за порталот „Азра“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

На темата менопауза и како поминала низ тој за многу жени проблематичен период, вели дека не ни имала време да размислува.

Тоа беше најлошиот период од мојот живот, во кој мислев како да го спасам детето и семејството од виорот на војната, како да му овозможам колку – толку нормален живот. Кога мораш да бидеш и мајка и татко, старател на семејството, а си сама, немаш време да мислиш на менопаузата. Всушност, работата е лек и терапија за сè, па и за тоа, истакнала пејачката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот