Нечајев: Русија не е вмешана за убиството на грузискиот државјанин во Берлин

Нема докази кои би потврдиле вмешаност на Русија во убиството на грузискиот државјанин во Берлин, изјави денеска рускиот амбасадор во Германија, Сергеј Нечајев.

– Не постојат докази кои потврдуваат вмешаност на руски државни агенции во овој инцидент. Постапките на Германија ќе имаат најнегативно влијание на руско-германските односи и ќе следува одговор- истакна амбасадорот.

Германското сојузно обвинителство соопшти претходно дека постои причина да се верува оти во убиството се вмешани руски државни агенции. Потоа, германското Министерство за надворешни работи како одговор најави протерување на двајца руски дипломата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот