Небензија: Русија не прифаќа демилитаризација околу нуклеарката Запорожје

Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензија изјави дека Русија не го поддржува предлогот за создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје.

„Демилитаризацијата на нуклеарната централа може да ја направи ранлива за оние кои сакаат да ја посетат. Никој не знае кои ќе бидат нивните цели“, изјави Небензија.

Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на повлекување на воениот персонал и опрема од централата и инсистираше на избегнување воена акција во близина на централата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот