Неапол ќе стане музеј на Марадона со споменици, мурали

epa08841747 Some people carry lighted candles as a sign of homage in front of the huge mural depicting former Argentinian soccer player Diego Armando Maradona, on a building in Naples, Italy, 25 November 2020. Diego Maradona has died after a heart attack, media reports claimed on 25 November 2020. EPA-EFE/CIRO FUSCO

По именувањето на стадионот и една автобуска станица, властите во Неапол размислуваат во градот на направат своевиден „музеј“ кој би го носел името на Диего Марадона.

Неапол по смртта на легендарниот фудбалер одлучи стадионот „Сан Паоло“ да го преименува во „Диего Армандо Марадона“ во чест на Аргентинецот кој најславните моменти во својата кариера ги имаше токму во Наполи. „Наполитанците“ благодарение на Марадона ги освоија единствените две шампионски титули.

За тоа колку Марадона му значеше на Неапол, најдобро отсликува податокот дека веднаш по неговата смрт на местата каде се отсликани неговите два големи мурали, почнаа да се собираат луѓе и под нив се оставаа дресови, фотографии и останати реквизити.

– Веќе работиме на проект да го декорираме просторот пред муралот во шпанскиот кварт со цвекиња и клупи. Муралот го наслика Мауро Фиралди во 1990 година во чест на втората титула на Наполи, а сега имаме намера да го преименуваме плоштадот во чест на Марадона бидејќи секој ден таму се собираат стотици луѓе по неговата смрт – изјави Луиџи Делако, шефот на одделението задолжено за разубавување на градот.

Вториот мурал е насликан 2017 година и автор е уличниот уметник Џорит. Муралот е направен на зграда во улицата Таверна дел Феро во предградието Сан Џовано а Тедучио.

Од градот најавија дека муралите ќе бидат посебно осветлени за време на новогодишните и божикните празници, а веќе се пријавени 14 уметници кои сакаат да изработат неколку статуи на Марадона кои ќе бидат поставени низ целиот град.
– Посветени сме на тоа да поставиме споменици но разгледуваме каде би ги поставиле бидејќи речиси сите квартови сакаат да имаат статуи на Диего – изјави Фелако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот