НЕ ЖАЛЕЛ ПАРИ: Музичарите добија ОГРОМЕН бакшиш по раѓањето на синот на Дарко Лазиќ

Принтскрин/Архива

Доаѓањето на новиот член во семејството Дарко Лазиќ го прославил со целодневна забава во родната куќа во Брестач.

Денеска прославата продолжува во ресторан близу неговиот дом. Веднаш откако ја дознал веста за раѓањето на синот, Дарко организирал музичари, кои до зори свиреле и пееле.

На пејачот му дошле солзи на очи кога една од гостинките ја запеала песната „Родио се син, мали господин“, а заедно со него плачеле и родителите на неговата свршеница Марина.

Дарко постојано бил со микрофонот во рака, а на сите кои пееле со него, им „лепел“ банкноти од 50 и 100 евра. Според информациите на Курир.рс, Дарко Лазиќ за оваа забава, само за музиката дал бакшиш од 10.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот