НЕ ЗАСПИВАЈТЕ ГЛАДНИ: Може да загрозите многу телесни функции поради тоа

храна

Луѓето често ја прескокнуваат вечерата мислејќи дека на тој начин си помагаат во слабеењето и во подоброто спиење.

Но, колку е тоа навистина здраво? Според нутриционистите, тоа не е страшно ако се случува одвреме-навреме, но ако ви премине во навика, може да донесе сериозни нарушувања на телесните функции.

Заспивањето гладни влијае врз нивото на инсулин, холестерол и работата на штитната жлезда, кое пак води до хормонален дисбаланс. Нарушената хормонална слика предизвикува уште многу други проблеми, а ваквата состојба тешко се контролира без многу лекови и терапии.

Исто така, чувството на глад ве спречува добро и цврсто да спиете. Ако гладувате навечер, телото акумулира маснотии за да надомести за енергијата. Резултатот, освен здравствени проблеми, може да биде и лошо расположение и мрзеливост.

Затоа, каква и да е вечерата, подобро е да изедете мала количина, отколку да ја прескокнете целосно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот