Не запира растот на цените на недвижностите во регионот

недвижности

Слично како во Загреб, каде за една година цените на новите станбени метри пораснале за 30 отсто, на околу 2.500 евра, просечната цена на стан во Белград во првиот дел од годинава изнесувала 2.565 евра.

Тоа е за 35 отсто повеќе од пред една година. Силен скок на цените на недвижностите не е присутен само во Загреб, туку и на пазарите во поголемите градови во соседните земји: Белград, Сараево, Бања Лука, Подгорица, пишува Вечерњи лист.

За една година цените на становите скокнаа за повеќе од 30 отсто, а по почетокот на војната во Украина и доаѓањето на голем број Руси и Украинци, цените на киријата се удвоија!

Слично како во Загреб, каде за една година цените на новите станбени метри пораснале за 30 отсто, на околу 2.500 евра, просечната цена на стан во Белград во првиот дел од годинава изнесувала 2.565 евра. Тоа е за 35 отсто повеќе од пред една година.

Белграѓани најмногу пари за квадрати плаќаат на Савски венец, каде што просекот го симна новиот контингент од комплексот „Белград на вода“, кој се искачува на повеќе од 6.000. Во Загреб становите на некои нови локации во центарот на градот се продаваа на лицитации за 8.000 евра за метар квадратен.

Речиси секаде побарувачката за нови станови е поголема од понудата. Во Загреб, на пример, годишно се продаваат околу 10.000 станови, од кои околу 2.500 се нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот