Не задолжителна и бесплата ќе биде вакцинацијата против ковид-19 во Хрватска
Хрватска нарачала 5,6 милиони вакцини против коронавирус од различни произведувачи. Вакцините нема да бидат задолжителни и ќе бидат бесплатни, рекол директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунислав Цапак.
Тој рекол дека приоритет за примање на вакцините ќе имаат болните лица, лицата во здравството, и корисниците и вработените во домовите за стари лица.
-После тоа вакцината ќе им биде понудена на сите останати жители. Сметаме дека 5,6 милиони дози ќе бидат довозлни за сите кои ќе сакаат да примат вакцина, рекол Цепак на конференција за новинари во Загреб.
Тој навел дека Хрватска потпишала договори за набавка на вакцини со „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.
-„Фајзер“ најави дека првата рунда која ќе дојде кај нас ќе сочинува 125.000 дози. Доколку тоа биде квалитетна испорака, во прва прилика ќе можеме да вакцинираме 62.500 луѓе, рекол Цепак.
Тој навел дека би било добро што повеќе луѓе да примат вакцина, затоа што тоа обезбедува колективен имунитет.