Не заборавајте утре вечер да ги вратите сказалките на часовникот

Часовник
Часовник / Фото: МИА

Во недела наутро во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Но, утре вечер пред да се промени времето, не заборавајте да ги поместите сказалките на часовникот. Времето ќе се врати еден час наназад. Зимското сметање почнува во 3 часот по полноќ, кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ.

Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот