„НЕ“ за Македонија и Албанија е шлаканица за Србија

Фото: МИА

Црвено светло наместо зелено од Брисел за нашата земја и Албанија е лоша порака за целиот регион, а со самото тоа е неизвесно и членството на Србија во ЕУ, дури и откако ќе се реши долгогодишниот замрзнат конфликт, пишува српски „Блиц“.

Почетокот на пристапни договори на Македонија и Албанија со ЕУ го замрзна минатата недела Франција, на чело со претседателот Емануел Макрон, а таквата одлука може да го донесе Балканот до конфликти и други сили, велат странските аналитичари, како што е дописникот на „Дојче веле“ од Брисел, Бернд Ригерт.

-Неразумното вето на Макрон ја втурнува Европската унија во двојна криза- една на Балканот, а друга во самиот Брисел. Колку вредат ветувањата на ЕУ, доколку не бидат исполнети некои реформи и напорите на кандидатите? Зошто експертите на Европската комисија, која знае да биде доста критична, со години ги испитува кандидатите, ако на крајот е доволно само едно „НЕ“ од Париз за бројните резултати да бидат безвредни- се запрашува Ригерт.

Црвеното светло од Брисел особено ја разочара јавноста во Северна Македонија, чиј премиер Зоран Заев го реши долгогодишниот спор со Грција и промената на името. Бидејќи и Србија очекува продолжение на дијалог со Приштина и решавање на долгогодишниот замрзнат историски конфликт, како еден од условите за влез во ЕУ, се поставува прашањето дали и Белград после таков исчекор, токму како Скопје, може да доживее разочарување од Брисел?

Претседателот на српскиот Центар за надворешни работи, Драган Ѓукановиќ, за српскиот „Блиц“ истакнува дека пораката од Брисел е јасна за целиот регион.

-Тоа е лош сигнал. Дури и после средувањето на долгогодишниот спор на Македонија со Грција, потпишувањето на Преспанскиот договор за промена на името и имплементација на истиот, во изминативе две години, не и беше дозволено да направи нуту еден чекор кон ЕУ… Ваквата порака влијае и на кредибилитетот на ЕУ во идните преговори со Белград и Приштина, бидејќи контекстот на европските интеграции повеќе нема да биде толку стимул за спогодба. Пради сето ова САД завземаа значајна улога во преговорите со Белград и Приштина и потенцијално се гаранција дека ќе падне договор- подвлекува Ѓукановиќ, и додава дека ЕУ тој проблем не би можела да го реши ниту во наредните неколку години.

Директорт на Центарот за регионализам на Нови Сад, Александар Попов, го дели мислењето дека сигналите од ЕУ не се добри.

-После сето ова власите во Белград и Приштина ќе се запрашаат зошто воопшто би го решавале замрзнатиот конфликт, кога гледаат што се случи со Заев? Ова е силен ветер во грб за проруските сили во Србија. Поради сето тоа и ситуацијата во ЕУ, мислам дека е нереално да очекуваме Србија и Црна Гора да влезат во ЕУ во 2025 година, особено ако се има предвид дека Макрон самиот може да го блокира тој пристап. ЕУ со нова гранитура на службеници во наредните четири години ќе гледа да ги реши внатрешните проблеми и да се стабилизира, а ние сме веќе на крајот на 2019 година- вели за српски „Блиц“ Попов.

Но има и спротивни мислења, претседателот на Управниот одбор на Форумот за еднички односи Душан Јанчиќ, пак тврди, дека блокирањето на преговорите од Брисел за Македонија и Албанија не е порака за Србија.

-Северна Македонија и Албанија не се првите кои се одбиени од Брисел за почеток на претапни преговори. На Србија тоа и се случи неколкупати, додека не го реши проблемот со Хаг. Па така, не влегува цел регион истовремено во ЕУ, ниту е тоа можно. Србија и Црна Гора се прилично на добар пат кон ЕУ. Кога станува збор за преговорите со Приштина, ние го имаме тоа поглавје 35, кога ќе се потпише тој договор, следи негова правна примена во наредните две- три години. Подобро да се подготвиме темелно за голем натпревар, отколку да влеземе во ЕУ неподготвени како Романија и Бугарија- нагласува Јанчиќ, кој верува дека Србија може да влезе во ЕУ во 2025 година.

Програмскиот директор на Белградската фондација за политичка исклучителност, Марко Савковиќ, истакнува дека француското вето за Македонија и Албанија, пред сè е порака за Германија.

-Франција создава ново ривалство со Германија, наместо заедно да ја изнесат од криза унијата. Франција не сака проширување на ЕУ, додека таа политика на проширување не се преиспита и бара внатрешни реформи. Проблем е тоа што и натаму не е јасно што Франција всушност сака. Тие неколку предлози за реформите се навистина долг процес, а притоа проширувањето на ЕУ е и онака многу ригорозна и стриктна процедура- смета Савковиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, истакна дека лидерите од Македонија и Албанија ги предупредувал уште пред да го добиеме одговорот „НЕ“ од Брисел, и дека очекувал таков исход.

-Еди Рама ми испрати порака дека сум бил во право, што се однесува на европскиот однос кон регионот. Укажував на ова што се случи и со Северна Македонија и со Албанија, и им кажав за тоа на Рама и Заев неодамна во Нови Сад- рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот