Не вродија со плод преговорите меѓу владејачката и опозициската партија во Израел

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Преговорите меѓу израелската владејачка партија „Ликуд” на премиерот Бенјамин Нетанјаху и опозициската „Сино и бело” на Бени Ганц повторно завршија без резултат, пишува локалниот весник „The Times of Israel”.

Средбата меѓу лидерите на двете партии, која траеше помалку од еден час, се одржа во Тел Авив.

– Премиерот предложи законот за (премиерска) ротација креативно да се измени и дополни. Со оглед на отстапките кои стигнаа далеку, „Сино и бело” и понатаму отфрлаат форма на обединета влада, поради ветото на (потпретседателот Јаир) Лапид- тврди владејачката партија.

Опозицијата, од своја страна, наведува дека Нетанјаху не предложил ништо ново и се обидува да ја воведе земјата во нови избори.

– Претседателот на Ликуд не ни даде нова понуда што е компатибилна со правната ситуација или која покажува дека ги загубил изборите или целосно нов предлог. На средбата тој одби да се посвети на основните принципи на владата или да даде ветување дека нема да се обиде да издејствува имунитет за себе. Накратко – Нетанјаху избра нови избор- тврди опозицијата.

Сепак „Сино и бело” додава дека ќе продолжи со обидите за заедничка влада со Ликуд „до последен момент”.

По изборите во септември 2019 година во Израел, премиерот Нетанјаху доби мандат од претседателот Ривен Ривлин да формира влада, но не успеа да го направи тоа, по што и Бени Ганц не ја искористи добиената шанса. Ривлин предложи двајцата да влезат во коалиција, во која премиерското место ќе биде ротациско. Двете партии досега не ја отфрлија идејата за коалициска влада по ротациски принцип, но и не успеаја да се договорат околу ова прашање. Лидерот на „Сино и бело” Бени Ганц, веројатно очекува Ликуд да го смени раководството, бидејќи неговата партија не сака да влезе во влада предводена од премиер против кого се водат судски постапки.

Во меѓувреме јавното обвинителство на Израел ќе покрене обвинение против Нетанјаху за измама, поткуп и злоупотреба на доверба. Премиерот ги отфрла обвиненијата, нарекувајќи ги обид за „државен преврат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот