Не ви е вкусно пивото? Не е до вас!

Пивото е еден од најомилените алкохолни освежувачки пијалаци и доколку не го сакате, голема е веројатноста дека сте единствени во своето друштво што не ви се допаѓа. Ако следниот пат ви прибележат, тогаш слободно можете за тоа да ги „обвините“ гените и еволуцијата.

Вкусот на пивото и тоа како го поднесувате има еволуциска позадина, кога мозокот и сетилата помагале нашите прапредци да стојат подалеку од потенцијално опасната храна. Ваквиот рефлекс кај некои исчезнал со текот на времето, но кај мал број луѓе останал и до денеска.

Кога рецепторите на јазикот ќе регистрираат одреден вкус, тие испраќаат сигнал до мозокот преку нервите. Во човечкото тело постојат 25 рецептори за горчлив вкус, додека пак, на пример, за солен, постојат два. Поради самиот состав на пивото, се активираат најмалку три од тие 25 рецептори и сигнализираат силно горчлив вкус кога ќе се напиете голтка пиво.

Горчливиот вкус во текот на еволуциските етапи останал знак за неисправна и отровна храна, па поради тоа нашите предци избегнувале горчлива храна. Во денешно време ова не значи дека пивото или кафето без шеќер можат да ве отрујат, туку дека во вас останал ген на некој далечен роднина кој можете да го обвините што не сакате пиво.

Кога нешто не ви се допаѓа, не треба да го јадете или пиете мислејќи дека по некое време ќе ви се допадне. Но, погледнете ги вашите пријатели кога пијат пиво. Тие јадат кикирики, чипс или солени јаткасти плодови. Тоа се случува бидејќи и тие имаат потреба да го „ублажат“ горчливиот вкус на пивото со некој еднакво интензивен вкус, во овој случај солениот и умами вкусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот