Не ви е удобно во домот? Погледнете како да го промените тоа! – Слободен печат
ЕспресоСемејство

Не ви е удобно во домот? Погледнете како да го промените тоа!

Расположението во домот не ви е на посакуваното ниво? Ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат.

Природна светлина

Природната светлина може да има силно влијание на расположението. Според истражувањата, сончевата светлина што поминува низ прозорците може да го подигне нивото на серотонин – хормонот на среќа, кој помага во борбата против депресија и го подига расположението. Наместо густите и темни завеси ставте лесни и проѕирни, додадете рефлектирачки површини и огледала. Не заборавајте да се погрижете прозорците постојано да бидат чисти.

Украсете го домот со растенија

Освен што го прочистуваат воздухот, растенијата можат да придонесат да се чувствувате помирни и да ви се подобри концентрацијата. Ако немате многу време за одржување, одберете растенија за кои е потребна минимална грижа, како што се сукулентите и кактусите.

Терапија со боја

Докажано е дека одредени бои смируваат и опуштаат, други истоштуваат, а некои даваат енергија. Смирувачките неутрални бои се идеални за спална соба, а храбрите и животински тонови имаат тенденција да бидат одлични за вашиот работен простор. Не заборавајте дека начинот на кој се доживува бојата е субјективен, па обрнете внимание и на вашите сопствени потреби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close