„Не ви е тоа милениче“: Посвоиле дете со аутизам, го користеле за прослави и сликање, па го вратиле (ВИДЕО)

Мика додаде дека Хакси сега се наоѓа во друго семејство кое поеднакво го сака. Рече и дека неговата нова мајка има медицинско искуство и веројатно може повеќе да му помогне.

ЈуТјуберката Мика Стауфер и нејзиниот сопруг Џејмс пред две години посвоиле аутистично дете од Кина, а сега потврдија дека детето одлучиле повторно да го вратат на посвојување, зошто, како што велат, детето имало посебни потреби за кои не биле свесни кога се одлучиле да му дадат покрив над галава.

Оваа вест ја објавија во седумминутно видео на ЈуТјуб, кое предизвика лавина коментари.

„Кај меѓународното посвојување деца постојат многу нелогичности и работи кои не се транспарентни, а кога Хаксли дојде кај нас, сфативме дека има многу повеќе потреби отколку што ни беше кажано, рече Џејмс.

„Многу ни е тешко да слушаме што се ни зборуваат лекарите. Ни даваат многу информации кои не вознемируваат зошто тоа не е она што некогаш сме сакале да го слушнеме. Никогаш не сме посакале да бидем во оваа ситуација. Се обидуваме во што поголем обем да ги исполниме неговите потреби и да му помогнеме. Но вистина е дека го сакаме“, објасни тој.

Мика додаде дека Хакси сега се наоѓа во друго семејство кое поеднакво го сака. Рече и дека неговата нова мајка има медицинско искуство и веројатно може повеќе да му помогне.

„Тој е многу среќен и добро се чувствува“, истакна таа.

Нивниот потег ги разлути луѓето на социјалните мрежи кои Мика и Џејмс ги прозваа дека се неодговорни.

„Си го дала своето дете откако си сфатила дека посвојувањето не е тала лесно како се останато во твојот живот. Овие Инстаграм мајки се најодвратни“, „Детето не е милениче. Никогаш не би го направила тоа да ти е биолошки син“, „Замисли да посвоиш дете од Кина со посебни потреби, да го одвоиш од се што му е познато па за неколку месеци да го проследиш на некој друг“, се само дел од коментарите до нив.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот