„НЕ ВИ Е БУДВА МОНТЕ КАРЛО“ – Но според ценовникот изгледа е! (ФОТО)

FOTO: RAS SRBIJA

Туристичката сезона во регионалните летувалишта на плажите во Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија на големо е во тек, но речиси нема да пројде ден, а некој од туристите да не се пожали на астрономските цени на храната, пијалоците, лежалките, па дури и за самото сместување.

Изгледа дека угостителите во Црна Гора оваа година се одлучија да ги ископираат цените за храна и пијалоци од рестораните и кафулињата во Хрватска, кои со години наназад ги оставаат без зборови дури и туристите со подлабок џеб.

Имено, на социјалните мрежи се појави ценовник од еден бар на плажа во Будва, во кој цените на пијалоците, дури и за елитните ресторани, се превисоки.

принтскрин/твитер

Доколку сепак седнете овде, подгответе се за една лимона да издвоите 8,6 евра, додека за цеден сок од ананас потребно е да издвоите дури 16,20 евра. Во случај да сте љубител на газирани сокови, за лименка Пепси ќе морате да издвоите „скромни“ 7, 60 евра, колку што чини и шишенце Кокта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот