„Не верувам, премногу се искусни“: Груби негира дека сопартијци дошле со службени возила на партиски митинг

фото: Архива

Вицепремиерот Артан Груби негира дека на синоќешниот митинг на ДУИ во Чаир биле злоупотребени службени возила од страна на функционерите од оваа партија.

-Не верувам дека го правеле тоа, премногу се искусни. Јас никогаш не сум ја возел службената кола. Шоферот ме зема, ме носи дома и за викенд со мојата кола си се возам заедно со моето семејство“, рече Груби во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“.

На прашањето дали го прекршува Етичкиот кодекс за функционери кога промовира партиски настани преку официјалната вицепремиерска страница на Фејсбук, Груби рече дека акаунтот е приватен.

„Тоа е приватна страница. Јас претходно бев пратеник, политичар, шеф на кабинет. Со државни пари не сум промовирал, не сум плаќал. Тоа е мој приватен профил и правам што сакам. Ако играм фудбал, фудбал, ако играм баскет, баскет, ако објавувам за плав океан, тоа е моја работа“, рече вицепремиерот.

На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека фирмата на неговиот брат наплатила за туристички услуги од државни институции, Груби рече дека фирмата добила средства од Владата како помош што државата ја даваше за сите компании во време на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот