Не вели „њет“: Путин не исклучува руско-кинески воен сојуз во иднина

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека засега нема потреба од руско-кинески воен сојуз, но не исклучи таква можност во иднина.

– Нам не ни треба сојузот со Кина, но теоретски е сосема веројатно да се замисли, одговори Путин на прашање за можноста за воен сојуз меѓу Москва и Пекинг, за време на видео-конференција со меѓународни експерти за надворешна политика.

Изјавата на Путин укажува на продлабочување на врските меѓу Москва и Пекинг, во време на растечки тензии во односите меѓу двете сили и САД.

Русија и Кина развија „стратешко партнерство”, но досега ја исклучија можноста за формирање воен сојуз.

Путин потсети на заедничките воени вежби на Русија и Кина, и додаде дека Москва споделува воени технологии што значително придонеле за зајакнување на кинескиот воен потенцијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот