Не, вашиот мозок не е „премногу зафатен“ за медитација

медитација
Фото: Pixabay

Мојот мозок е премногу активен за да медитира. Премногу сум зафатен/а. Премногу работи ми се случуваат истовремено – изговори. Во повеќето случаи велејќи дека вашиот мозок е „премногу зафатен“ е само полесен начин да се избегне нешто што можеби ви е непознато или ви се чини тешко.

Во последните неколку месеци, животот ни се смени драстично. Станавме дел од свет кој не знае да се справи со вирус што премногу брзо се шири. Од ден во ден слушаме сè повеќе и повеќе сирени. Почнаа да се случуваат видливи пропусти во светската економија и здравство. Остана ли некој од нас кој не е вознемирен?

Сепак, мора да останете доволно смирени за да функционирате. Еден од начините да го постигнете тоа е токму медитацијата.

Постојат студии кои покажуваат дека медитацијата може да биде корисна во управувањето со стресот. Но, разбирливо е, во време на постојан наплив на апликации и гаџети за медитација, тоа сепак да ви изгледа многу далечно.

Метидацијата е древна практика, но научните студии за медитација се прилично млади, што значи дека има многу работи што не ги знаете за нејзините придобивки.

Единствениот начин да дознаете дали медитацијата може да ви помогне е да пробате! Постои голема шанса да мислите дека тоа ќе биде „напорно“, ама ниту научниците не се сигурни колку милијарди неврони има во човечкиот мозок, нели?

Односно, вашиот ум е „премногу активен“ за да медитира, сè до додека не го обучите. Едноставно треба да седнете, да ги затворите очите и да се опуштите. 

Јон Кабат-Зин медитацијата ја опишува како „култивација на будност и свесност во сегашниот момент“. Во суштина, медитацијата не ги заобиколува вашите мисли и чувства.

Кога медитирате, мора да се соочите со сè, интензивните стравови, списоци и статистики на свеста. Работа, телевизија, алкохол – овие нешта можат да бидат бегство, и, за многу луѓе, нема ништо лошо во таквиот вид бегство кога ви е потребно тоа.

Но, ако ве интересира медитација, големи се шансите да почувствувате малку мир. Да се научите како да се справувате со стресни ситуации и да бидете во ред. Не низ тоа да поминувате несвесни или во заблуда. Едноставно, целосно свесни да се соочите со ситуацијата најдобро што може.

Вашиот мозок е активен. Секој од нас преживува моменти од минатото и се грижи за иднината. Тоа нè прави луѓе.

Со медитацијата, успехот понекогаш значи само да го спознаете сопствениот ум, да ги пуштите мислите и да продолжите понатаму.

Веројатно има многу работи за кои треба да бидеме лути во моментов, а тоа е причина зошто е совршено време да започенете со медитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот