Не успеав во Реал Мадрид поради расизам, требаше да бидам белец

твитер

Поранешниот колумбиски репрезентативец, Фреди Ринкон, кој најголем дел од кариерата ја помина во бразилските екипи, Палмеираш, Коринтијанс, Сантош и Крузеиро, но две години играше и во Реал Мадрид (1995-1997).

Ринкон сепак нема добро искуство од времето поминато на „Сантијаго Бернабеу“ и според него тоа е поради расизам.

Колумбиецот во емисијата „Каракол“ шокира со изјавата зашто не успеа во Реал Мадрид.

– Ми недостасуваше да бидам белец. Не можев секојдневно да трпам расистички навреди и да бидам меѓу стартерите. Беше тешко и со тренерот Хорхе Валдано бидејќи и тоа трпеше огромен притисок. Во Мадрид бев единствен црномурест фудбалер. Лоренцо Санз (неодамна почина поради коронавирус) ми рече дека кога ќе стане претседател, јас прв ќе го напуштам Реал Мадрид. Тренерот постојано пофално зборуваше за мене, но не го слушаа – изјави Ринкон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот