Не успеа во Партизан, Митровски сега на проба во Полска

Димитар Митровски ќе се обиде да направи трансфер во полската Варта Познањ/Фото: playmakerstats.com/Sporting CP

Димитар Митровски веќе подолг период нема клуб, 22-годишниот играч за врска во нападот после разделбата со У23 портулскиот клуб Спортинг стана слободен играч.

Пред два месеци имаше информација дека поранешниот младински репрезентативец тренира со белградски Партизан, но не се дојде до трансфер.

Нашиот играч сега се наоѓа на пробен период во Полска, поточно во тамошната прволигашка екипа Варта Познањ, официјално информира клубот.

Моментно Варта Познањ се наоѓа на 16 позиција со 11 бодови во најсилното фудбалско првенство на Полска.

Митровски започна во Работнички, па се пресели во Германија настапувајќи за У16 тимот на Ханза Росток, У17 и У19 тимот на Магдебург. Продолжи во Португалија бранејќи ги боите на У19, У23 и Б тимот на Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот