Не тргна по стапките на мајка ѝ! Погледнете како денес изгледа ќерката на Мадона! (ФОТО)

Profimedia

Бидејќи Мадона е неприкосновена кралица на попот последниве три децении, многумина очекуваа дека и нејзината ќерка ќе тргне по нејзините стапки, иако тоа не се случи.

Во раните тинејџерски години Лурд Марија Чиконе повремено се појавуваше на црвениот тепих на престижните настани, а потоа му се посвети на учењето и сосема исчезна.

Прв настап имаше на доделувањето на МТВ ВМА наградите, кога Мадона размени нежности со Бритни Спирс и со Кристина Агилера на сцената во 2003 година.

Youtube

Во еден период Лурд беше на метата на папараците, но бидејќи одби да даде какво било интервју, опадна интересирањето за неа.

Image result for lourdes maria ciccone
Youtube

Таа денес има 22 години и сите ги изненади со неодамнешното појавување на Њујоршката модна недела кога седеше во прв ред, а кога овие фотографии го обиколија светот, многумина се пошегуваа дека таа повеќе личи на Леди Гага отколку на својата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот