„Не сум нервозен, бесен сум“ – Милановиќ за аферата која ја потресе Хрватска: Пленковиќ ништо не знаеше, а тоа е скандалозно

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ реагираше на наводите на премиерот Андреј Пленковиќ, кој повеќе пати за него рече дека е нервозен.

Милановиќ му порача на Пленковиќ дека „не е нервозен, туку загрижен и бесен“.

„Тоа што тој вели дека сум нервозен, тој е нервозен, јас сум бесен, но не на него. Ова не смее да се случува во демократија. Тој е во ситуација каде е доведен со незнаење или глупавост на соработниците“, рекол Милановиќ, а пренесува Индекс.хр.

Милановиќ продолжил: „Ова е ужасно сериозен скандал, а некој го доведе него во незгодна ситуација, бидејќи не го известиле за тоа, бидејќи да го направеле тоа, немаше шанси да го именува Ковачевиќ во нов мандат. Нема шанси да го направеше тоа. Тој човек не го знаеше тоа.. И тоа како некои работи мора да ги знае, во спротивно во оваа земја нема одговорни луѓе. Кој треба да биде одговорен? Полицијата?“

Тој порача дека Пленковиќ „не се прави наивен – туку дека не ги знае тие работи“. Тој потоа запраша која е неговата одговорност.

„Тоа не му било кажано, има кој да му го каже и да го предупреди за тоа, тоа е негова обврска, а особено до февруари, кога ја именуваа таа личност Ковачевиќ. Премиерот е чувар на државни тајни. Нема поинформирана личност во државата од премиерот“, рекол Милановиќ.

Афера „ЈАНАФ“ во Хрватска: Едномесечен притвор за десет осомничени лица, тројца пратеници останаа без имунитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот