Не стивнуваат, малите сипаници се раширија во 22 градови

Институтот за јавно здравје информира дека се задржува трендот на регистрирање на голем број на заболени од мали сипаници во државата, во изминатата недела изнесува 134 што е највисоката бројка од почетокот на епидемијата.

Од заболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на зафатени градови. Вкупниот број на заболени е 1.524. Најголем број регистрирани или речиси половина се возрасни лица над 30 годишна возраст. Според вакциналниот статус, 94 односно 70,1% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 22 градови од Македонија, од нив 882 случаи се од Скопје, Куманово – 183, Тетово – 129, Струга – 106, Гостивар – 41, Кичево – 39, Велес – 36, Охрид – 24, Гевгелија – 19,  Дебар – 19, Прилеп – 10, а во останатите градови се регистрираат по помалку од 10 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот