Не стивнува коронаворусот, висока бројка на починати во Србија

epa08825315 Men sit in a caffe in Belgrade, Serbia, 17 November 2020. Serbia is witnessing a rise in coronavirus infections prompting the government to consider new restrictions like limiting the work hours to 9pm to all non essential industries. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 7.919 случаи на коронавирус од 22.069 тестирани, починале 52 лица, а 270 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Поради тешката состојба со пандемијата на коронавирус во Србија, најавени се нови мерки. Претходно државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, рече дека се очекува утре Владата да донесе нови мерки против коронавирусот и дека тие ќе стапат на сила в петок. Тој истакна дека ситуацијата од ден на ден се влошува и тоа е сигнал за реакција бидејќи е очигледно дека постојните мерки не ги дадоа посакуваните резултати.

„Фајзер“ и „Бионтек“ денеска ќе ја достават потребната документација за регистрација на вакцината во Србија до Агенцијата за лекови и медицински помагала.

Српскиот министер за образование, Бранко Ружиќ изјави дека 126 деца во предучилишни установи, 2.321 ученик во основни училишта и 2.151 средношколци се заразени со коронавирусот.

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се потребни 10 до 15 дена постојана примена на пропишаните мерки за стабилизирање на епидемиолошката состојба.

Над 4.400 ученици и 126 деца во градинки се заразени со ковид-19 во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот