Не сте сигурни дали му се допаѓате? Овие знаци би можеле да го потврдат тоа!

Мажите често имаат проблем со изразувањето на своите вистински чувства, но можете да ги прочитате според начинот на кој се однесуваат.

Но, знаците кои издаваат дека му се допаѓате често можат да бидат збунувачки и тешко е да ги препознаете. Затоа во продолжение ви ги претставуваме оние најочигледните начини на кои машките покажуваат дека сте им навистина важни за во иднина навремено да ги препознаете:

Во ваше присуство станува сериозен и се стишува

Во друштвото е познат како забавен тип кој никогаш не се гаси, но кога вие сте во близина станува бубалче? Ова е всушност поприлично очигледен знак дека сте му важни и се плаши што вие ќе помислите за него, па затоа избира да молчи за да не си го расипе впечатокот кај вас.

Ги почитува вашите правила

Сте се договориле да се слушнете за три дена и тој чекал и ве повикал во точно договореното време, а пред тоа не ви испратил ниту порака? Верувале или не, тоа е еден од знаците дека навистина многу му се допаѓате бидејќи не сака да прекрши ниедно ваше правило па така да ве навреди или да ве оттурне од себе, па затоа се одлучува трпеливо да чека и да ве повика во договореното време.

Ве закачка

Изреката „кој се тепа, тој се сака“ не е бесмислена. Многу момчиња пробуваат преку закачка или мала „навреда“ на ваша сметка, шега и сл. да ви дадат до знаење дека им се допаѓате. Знаеме дека тоа е незрело, но и ова е дефинитивно е еден од знаците на кои би требало да обрнете внимание.

Тој е самобендисан

Иронично, но еден од најчестите знаци дека му се допаѓате на некое момче е кога тој пред вас се однесува како најмногу на целиот свет да си се сака само себе, исто така многу детинесто, но и поприлично очигледно.

Избегнува телесен контакт

Ако никогаш не ве допира или гушка, а со другите пријатели тоа често го прави, можно е со вас да избегнува телесен контакт бидејќи кон вас чувствува нешто повеќе од пријателство па таквите нешта му предизвикуваат непријатност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот