Не ставајте камери во автомобилот, казната за снимање е 400 евра!

скопје автомобили дожд поплава
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Полицијата ги предупредува граѓаните дека незаконското снимање со камера, поставена во автомобилот, е казниво и дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, само МВР е овластено да поставува уреди за снимање на јавни места, на кои се одвива сообраќај.

Казната изнесува 400 евра во денарска против вредност, а прекршителите можат да бидат гонети и кривично, доколку лицето што е снимено поднесе тужба според Законот за лични податоци.

Секој, кој веќе поставил камера во возилото е должен веднаш да ја отстрани, предупредуваат од МВР.

– Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирана видеокамера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот, имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија, како и секаде во ЕУ, снимањето на на граѓаните на јавно место е забрането и казниво велат од полицијата.

Скокаат пред возило и глумат повредени за да изнудат пари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот