„Не смрди. Мириса на житарици, многу слатко“: Актерот Метју Меконахи воопшто не користи дезодоранс

Фото: Instagram

Оскаровец се приклучи на листата на познати личности кои ги открија деталите за неговата хигиена. Многу од нив не користат и се противат на дезодорансите, а некои дури избегнуваат да се истушираат.

Брачната двојка Мила Кунис и Ештон Качер неодамна започнаа дискусија за хигиенските навики, откако во подкастот „Armchair Expert“ изјавија дека ги капат своите деца само кога се „видно валкани“.

Актерот Метју Меконахи не се противи на туширање како Кунис и Кучер, но тврди дека тој воопшто не користи дезодоранс. Тој зборуваше за тоа за бројни американски медиуми во раните 2000-ти.

Никаква колонска вода, никаков дезодоранс. Сите жени во мојот живот, вклучително и мајка ми, ми кажаа дека мојот природен мирис мириса прво, на маж, второ, на мене, изјавил тој.


Тој додаде дека не сака да „мириса на некој или на нешто друго“.

Се сеќавам кога рече дека не користи дезодоранс, па сакав да го проверам. Не смрди. Мириса на житарици, многу слатко, изјави актерката Ивет Никол Браун .

Видео на денот