Не сме го продале Јовиќ на Реал Мадрид

EFE/RONALD WITTEK

Германскиот тим, Ајнтрахт Франкфурт, ја демантираше веста дека дека Лука Јовиќ потпишал договор со Реал Мадрид. Имено, сите медиуми утринава објавија дека српскиот репрезентативец потпишал шестгодишен договор со Реал Мадрид кој ќе плати 60 милиони евра обесштетување на Ајнтрахт Франкфурт.

Спортскиот директор на германскиот тим, Фреди Бобич, кој го донесе Јовиќ во клубот, за телевизијата „ЕСПН“, ги демантира ваквите написи.

– Нема никаков договор со Реал Мадрид, Овој пат не мора да користиме никакви „бели лаги“, навистина сè уште не сме оствариле никаков контакт со Реал Мадрид – изјави Бобич за „ЕСПН“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот