„Нѐ слушате ли, Ангела“: Гаф на самитот на Г-7 – Џонсон ѝ рече на Меркел да го исклучи микрофонот

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

На денешниот самит на Г-7 големо внимание привлече британскиот премиер Борис Џонсон кој ѝ рече на германската канцеларка Ангела Меркел да го исклучи телефонот.

Додека Џонсон го започнувал состанокот, Меркел изненадно го прекинала пробувајќи да му рече на американскиот претседател Џо Бајден и новиот италијански премиер Марио Драги дека сака да се се состане со нив во живо за време на самитот на Г-7 во јуни, пренесува Ројтерс.

– Нѐ слушате ли Ангела, ја прашал Џонсон и додаде: „Мислам дека треба да го исклучите микрофонот“.

Џонсон, кој е познат по гафовите, исто така тврдеше дека Бајден го „украл“ неговиот слоган “да излеземе подобри од пандемијата“, иако Џонсон призна дека и самиот најверојатно го земал од друг некој.

После речиси една година видео состаноци, ниту лидерите на Г-7 не успеаја да ги избегнат проблемите со микрофоните, оцени Ројтерс.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот