НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ТОЧНО БИЛ ВО КАМИОНОТ НА СМРТТА ВО АНГЛИЈА: Кинезите велат дека полицијата и натаму ги утврдува жртвите!

Фото: Принтскрин

Кинеската амбасада во Лондон соопшти дека британската полиција уште не може да потврди дека 49-те лица, кои беа најдени мртви во заден дел од камион, неодалеку од Лондон, биле кинески државјани.

Медиумите од порано пренеле дека британската полиција соопштила, а Пекинг потврдил, дека 31 маж и осум жени биле кинески државјани.

Кинеската амбасада во Лондон на својот сајт објавила дека е испратен тим во Есекс, кој се сретнал со локалната полиција.

– Британската полиција соопштила дека го проверува идентитетот на починатите и дека во моментот не е во можност со сигурност да каже дека се тие кинески државјани – информираат од амбасадата.

Во меѓувреме, Глобал Тајмс, кој го објавува официјалната листа на кинската Комунистичка партија, ја повикал Британија и другите европски државјани да прифатат некоја одговорност за смрт на 39 лица.

Весникот проценува дека моментално е невозможно да се каже колкава е одговорноста на жртвите за трагедијата, но се наведува и дека на тој начин „се случила сериозна хуманитарна катастрофа се случила пред оите на Британците и Европејците“, пренесува Ројтерс.

– Јасно е дека Британија и релевантните европски земји не ја исполниле својата одговорност да ги заштитат овие луѓе од таква смрт – пишува магазинот.

Весникот оценува дека се чини оти Британија не ја научила лекцијата од инцидентот во Довер пред 20 години, кога во ладилници беа најдени 48 мртви мигранти од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот