НЕ СЕ ЗАДЕВАЈТЕ СО НИВ: Ова се трите најодмаздољубиви хороскопски знаци – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

НЕ СЕ ЗАДЕВАЈТЕ СО НИВ: Ова се трите најодмаздољубиви хороскопски знаци

Ако повредите личност родена во знакот Јарец, да знаете дека тоа ќе го преплаќате и отплаќате во текот на целиот живот.

И додека на едни им е лесно да простат и заборават, кај други луѓе „делото“ не застарува и вечно го паметат и приготвуваат одмазда.

Личностите родени во следниве три хороскопски знаци никогаш нема да заборават кога некој ги повредил, па дури и сакаат да се одмаздат:

ЈАРЕЦ

Ако повредите личност родена во знакот Јарец, да знаете дека тоа ќе го преплаќате и отплаќате во текот на целиот живот. Тие не забораваат, а враќаат „мило за драго“. Јарците не поднесуваат да бидат повредени и често се кријат зад своите заштитни оклопи и дозволуваат лутината да ги води.

БИК

Биковите се грижат само за луѓето кои им се важни и не се обѕираат на „ситната риба“. Доколку некој неважен ги повреди, тие брзо забораваат. Но, ако ги повреди некој сакан, бидете сигурни дека тоа никогаш нема да биде заборавено.

СКОРПИЈА

Ако повредите личност родена во знакот Скорпија, таа јасно ќе ви даде до знаење дека еден ден вашата грешка ќе биде дебело наплатена. Тие сметаат дека лутината и агресијата решаваат многу проблеми, особено кога е во прашање повреденото его.

БОНУС ВИДЕО:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close