НЕ СЕ СПОМНАТИ ВО БИБЛИЈАТА: 10 интересни факти и тајни за мачките

мачка

Мачките не престануваат да фасцинираат со нивната појава и однесувањето. Тие се мистериозни и таинствени, а колку и да мислите дека знаете сè, вие за нив всушност знаете малку нешта.

Ако сте горд сопственик на мачка, проверете дали сте ги знаеле овие факти:

1. Мачките се единствени животни кои не се споменуваат во Библијата. Од таа фамилија се спомнати само лавовите. Се верува дека тоа е поради обожавањето на мачките во стар Египет.

2. И мачките се потат, преку шепите. Ако се исплашени или ако им е претопло, ќе остават влажни траги таму каде се движат.

3. Тие искажуваат љубов со очите. Ако ве гледаат и полека ги отвораат и затвораат, тие ви искажуваат љубов и доверба. Ако трепнете и мачката ви врати, тоа значи дека ве смета за пријател.

мачка

4. Предењето е лековито. Фреквенцијата со која мачките предат може да помогне во зараснување на рани и исцелување на скршени коски.

5. Немаат рецептори за благо. Тие се можеби единствени цицачи во светот кои не можат да го почувствуваат слаткиот вкус на храната.

6. Секоја мачка може да произведе повеќе од 100 различни звуци. Кучињата пак, можат најмногу 10.

7. На мачките им е доволна половина секунда за од длабок сон да преминат во целосна будност. Во 70% од времето што спијат, тие всушност регистрираат и звуци и мириси, па затоа може да се разбудат ако чујат мавтање на крилја надвор или звук на отворање на фрижидер.

мачка

8. Мачките не смеат да пијат кравјо млеко. Иако вкусот им се допаѓа, тие всушност се нетолерантни на лактоза.

9. Отпечатокот од носот на секоја мачка е уникатен, исто како и отпечатоците на прстите кај луѓето.

10. Мачките може да преживеат температури и до 56 степени, но и ниски под нулата. Но, тоа не значи дека не можат да доживеат хипотермија или топлотен удар.

Чувате мачка дома? Еве зошто не треба да излегува надвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот