„Не се дружиме многу“: Единственото место во Црна Гора каде нема коронавирус

Фото: Википедија

Шавник е и понатаму единствената „корона фри“ општина во Црна Гора, бидејќи од 17 март, кога биле регистрирани првите случаи на Ковид-19 во земјата, никој од околу 2.000 жители не бил заразен со коронавирусот.

Жителите на Шавник велат дека тоа е бидејќи тие се здрав народ и ги почитуваат мерките.

– Нема многу народ, не се дружиме многу. Така што досега поминавме добро. Инаку никогаш не било запамтено да имаме некоја поголема епидемија. Ние сме здрави, здраво се храниме, имаме здрава природа, реки, се кај нас е убаво. Нема страв од вирусот, кај нас вирус нема сигурно, велат жителите.

Поволната епидемиолошка ситуација посебно ја радува единствената лекарка во Шавник, Сања Бушај која се надева дека така ќе остане и до крајот на борбата со новиот вирус, пишуваат Вијести.

Таа вели дека жителите се здрави, но и дека ги почитуваат мерките.

Под мерки на самоизолација моментално во Шавник се пет лица кои дошле од Србија и сите се добро, без симптоми. Докторката Бушај вели дека и тие ги почитуваат мерките и редовно ја контактираат.

Локалната управа исто така е задоволна со досегашните резултати во борбата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот