Не се 6.500 загинати, во изградбата на стадионите загинаа 400 до 500 работници?!

Лусаил стадионот во Лусаил, Катар, со капацитет од 80.000 седишта/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Директорот на организацискиот одбор на Светското првенство (СП) во Катар, Хасан Ал-Тхавади во разговор со познатиот водител Пирс Морган, откри дека при изградба на стадионите загинале околу 400-500 работници.

„Модерните робови“ кои ги градат стадионите во Катар не можат да се справат со пеколните температури

„Гардијан“ минатата година обвини дека во Катар загинале над 6.500 луѓе кои работеле на инфраструктурата за Мундијалот, но сепак Ал-Тхавади смета дека бројката е помала.

„Проценката е дека загинаа меѓу 400 и 500 луѓе. Немам точна бројка на починати, но и една смрт е многу. Мислам дека здравствените системи на градилиштата се подобруваат, барем кога станува збор за нашите градилишта“, вели Ал-Тхавади.

Организаторот на идното СП, Катар не ги плаќа работниците мигранти

Крвави стадиони во Катар, загинале дури 1.400 работници

Амнести Интернешнл: Стотици странски работници се враќаат од Катар без плата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот