Не сакаат во пензија: Шест илјади граѓани над 64 години продолжиле да работат

Фото: mia.mk

Шест илјади граѓани над 64 години возраст, согласно важечкото законско решение, продолжиле да работат, наместо да одат во пензија и на нивно место да дојдат млади и компетентни кадри. Новото законско решение што требаше да биде донесено предвидува продолжувањето до 67 години да важи единствено во здравството и во високото образование, ако има недостиг од кадар, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таму каде што, согласно реформите во јавната администрација, нема потреба од кадар, рече таа во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма, тие места нема ни да се пополнат.

– Адиминистративците треба да одат на 64 години, општеството нема потреба класичните административци да продолжат да работат, рече Шахпаска.

Посочи дека законот кој сè уште не е изгласан предвидува одење во пензија на 64 години и 15 години стаж, а жените можат да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја,  согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

За пензионирањето во приватниот сектор, министерката рече дека е предмет на договор меѓу работникот и работодавецот. Доколку во реалниот сектор некој работодавец има потреба, работникот може да ја стави во мирување својата пензија и да биде ангажиран доколку  сака. Тоа е индивидуално право, додаде Шахпаска, но е многу мал бројот на луѓе во реалниот сектор односно се работи за исклучоци кои сакаат да продолжат да работат по 64 години.

Според министерката, опозицијата требала да има слух за овој закон и доколку тој бил усвоен пред Нова година, 4.000 работници постари од 64 години ќе заминеле во пензија, а до крајот на 2021 дополнително ќе се пензионирале уште 2.000, односно вкупно 6.000 граѓани со наполнети 64 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот