НЕ САКААТ ДА СЕ ВРЗАТ: Овие три хороскопски знаци не се за врска – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

НЕ САКААТ ДА СЕ ВРЗАТ: Овие три хороскопски знаци не се за врска

Неодлучни се, а некогаш нивната неодлучност може да биде протолкувана како ладнокрвност и незаинтересираност.

Не се залудувајте по нив, бидејќи тие иако теоретски знаат што е љубов, во пракса тешко се снаоѓаат со своите емоции.

Ова не значи дека треба да бегате од нив, но обидете се очекувањата и надежите да ги сведете на минимум за да не бидете повредени.

Еве со кои хороскопски знаци не е лесно да се биде во врска:

ЛАВ

Лавовите се привлечни затоа што се самоуверени и спремни да се дружат со сите. Понекогаш се драматични, но во целина се работи за креативни и друштвени личности.

Овој огнен знак го сака животот, силен е, но негова слаба страна е спремноста на компромиси. Иако се идеални пријатели, како љубовни партнери се тешки за излегување на крај. Егоистични се, арогантни и често нефлексибилни.

СКОРПИЈА

На Скорпиите страста им е на прво место и нивната приврзаност многу зависи од застапеноста на сексот во врската.

Од нив очекувајте љубомора и приговори, особено доколку стагнирате на поле на страста. Исто така, со нив е тешко да се преговара и договара, па компромисите би биле доста тешки.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се навидум ладни и не покажуваат емоции, додека во нив се случува сериозна експлозија со која ни самите не знаат да се справат.

Но, тие избираат зборови, организираност и јасност. Планираат премногу, па затоа врската со нив оди од една во друга крајност. Неодлучни се, а некогаш нивната неодлучност може да биде протолкувана како ладнокрвност и незаинтересираност. Влегуваат брзо во врски, а така и ги завршуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close