Не сакаа да бидат принцези: Ова се седумте жени кои го откачија принцот Хари (ФОТО)

Profimedia

Принцот Хари долго време не можеше да ја пронајде својата вистинска љубов. Му беа потребни неколку неуспеси за да ја пронајде жената од своите соништа. Ова се жените со кои Хари беше во врска пред да се ожени со Меган Маркл.

Флоренс Брундел-Брус

Принцот Хари со манекенката Флоренс Брундел-Брус биле заедно само шест недели. Својата кратка врска главно ја држеле во тајност. Врската пукнала бидејќи наводно на Флоренс ѝ пречело тоа што принцот постојано флертувал со други жени.

To je kost! Harryho nová dívka Florence Brudenell-Bruce.
Profimedia
Florence Brudenell-Bruce je modelkou převážně na spodní prádlo a plavky.
Profimedia

Натали Пинкам

Спортската водителка Натали Пинкам го сретнала принцот во лондонскиот клуб „Бунга бунга“. Хари ѝ фрлил око на убавата бринета, но за жал таа имала други планови. Неколкупати се среќавале во различни клубови и заедно се забавувале во пријатна атмосфера, но ништо повеќе од тоа.

Instagram
Instagram

Моли Кинг

Британската пејачка Моли Кинг имала кратка врска со принцот Хари. Двајцата често посетувале разни лондонски ноќни клубови. Моли пречесто зборувала за статусот на нивната врска, барем така мислел принцот. Тоа било проблем за двајцата и врската пукнала.

Instagram
Instagram

Кресида Бонас

На манекенката целата медиумска помпа околу нејзината врска со Хари ѝ станала преголем товар па ја прекинала двегодишната врска. Меѓутоа останале добри пријатели, па Кресида била поканета и на венчавката на Хари и Меган.

Instagram
Instagram

Челси Дејви

Како и на Крeсида, големото медиумско внимание ѝ пречело и на Јужноамериканката Челси Дејви. Првиот прекин бил во 2009 година. По некое време Челси повторно можела да се види заедно со принцот, а во 2011 година била со него на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Потоа дефинитивно ја прекинале врската. И таа добила покана за венчавката на Хари и секако, ја прифатила.

Princ Harry se svou předchozí láskou Chelsy Davy.
Profimedia
Instagram

Каролин Флак

Телевизиската водителка Каролин Флак го запознала принцот преку заеднички пријател. Почнале да се забавуваат, но водителката се престрашила од помислата на соживот со принцот, па ја прекинала врската.

Instagram
Instagram

Ема Ватсон

Кратко откако Ема Вотсон ја прекинала врската со својот партнер Метју Џенеј, принцот Хари многу сакал да ѝ се приближи на ѕвездата од „Хари Потер“. Бидејќи принцот е голем фан на овој филмски серијал, не е ни чудо што се „загреал“ за Ема Вотсон. Го барал нејзиниот телефон, но очигледно таа била помалку одушевена од принцот.

Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот