Не сака да се појавува со него во јавност: Ирина Шајк го „откачи“ Канје Вест?

profimedia
Фото: Instagram+Profimedia

Очигледно нивната љубовна врска ќе остане запаметена како една од најкратките, бидејќи извори блиски до руската убавица, но и до американскиот рапер веќе наголемо зборуваат за нивното раскинување, пренесува „Page Six“.

Според добро упатени извори за „Page Six“, Канје Вест ја замолил Ирина Шајк да го придружува на патувањето во Париз, каде што требало да присуствуваат на модни ревии, но славната убавица ја одбила поканата.

Дали ова е новиот пар меѓу славните? Светските медиуми не престануваат да пишуваат за врската меѓу Канје Вест и Ирина Шајк

„Ѝ се допаѓа како пријател, но не сака никаква љубовна врска со него“, рекол изворот. Ирина всушност го одбила патувањето претежно за да избегне нови наслови во медиумите за нивната наводна врска.

„Ирина не сака нивните имиња да бидат поврзани како имиња на љубовници, а тоа дефинитивно би се случило доколку таа се појави со него во Париз“, додал изворот.

Дали ова е новиот пар меѓу славните? Светските медиуми не престануваат да пишуваат за врската меѓу Канје Вест и Ирина Шајк

И токму Франција беше таа земја, поточно Прованса, каде што беа снимени во јуни, бидејќи таму Канје Вест го прослави својот 44-ти роденден, а Ирина беше покрај него. Но, сега истиот тој извор тврди дека Ирина била таму само како пријателка, а не како нова девојка.

„Таа отиде на роденденската забава како пријателка и славеше заедно со него и со другите 50 луѓе“,  заклучил изворот. Потоа додал дека убавата Русинка во моментов ужива да биде сама, без партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот