Не пропуштајте! Делумно затемнување на „ловечката“ Месечина в сабота

Месечина
Фото: Пиксабеј

Македонија е едно од идеалните места од кои в сабота вечер ќе може да се набљудува делумното затемнување на Месечината.

Полната месечина што в сабота ќе изгрее во 17.20 часот е наречена „ловечка“, бидејќи последен пат силно ги осветлувала шумите за ловците, пред дивите животни да се засолнат во зимските дувла.

Затемнувањето ќе биде делумно, со почеток од 21.35 часот, па сѐ до 22.52 часот. Максимумот ќе биде достигнат во 22.14 часот, кога Месечината ќе биде на југоисток, на азимут од 51 степен.
Актуелната временска прогноза за тој период укажува дека небото над Македонија ќе биде делумно облачно. Во Скопје, на пример, во времето на максималното делумно помрачување, е прогнозирано дека околу 30 отсто од небото ќе биде покриено од облаци.

Ова е единственото затемнување на Месечината видливо од Македонија во оваа година. Сенката од Земјата ќе покрие само 6 отсто од видливата страна на Месечината, но ќе изгледа како да е покриен поголем дел.

Оваа „ловечка“ Месечина ќе биде придружена од уште еден феномен. По изгревањето, покрај Месечината јасно ќе се гледа Јупитер, кој ќе биде најсјаен на 2 ноември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот