Албански интелектуалци готват меморандум за албанска додавка на името

Албански интелектуалци готват меморандум за албанска додавка на името

640
SHARE
Шптим Положани

Иницијативата експерти Албанци директно да бидат вклучени во решавањето на спорот кој Грција го има со нашето уставно име, тие ја покренуваат, бидејќи, според нив, ДУИ не е легитимен претставник на Албанците.

Албанци да бидат активно вклучени во преговорите за името и доколку Македонија и Грција постигнат договор, тоа да не биде име со кое би се идентификувале само Македонците. Ова начелно ќе бидат клучните барања од меморандумот кој го подготвуваат интелектуалци – Албанци и кој ќе се најде на маса пред премиерот Зоран Заев, политичките партии и меѓународниот фактор, потврди за Плусинфо Шптим Положани, претседател на Здружението на поранешни затвореници и еден од иницијаторите на меморандумот.

Иницијативата експерти Албанци директно да бидат вклучени во решавањето на спорот кој Грција го има со нашето уставно име, тие ја покренуваат, бидејќи, според нив, ДУИ не е легитимен претставник на Албанците и оттука учеството на лидерот Али Ахмети и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се нерелевантни.

– Албанците имаат историски легитимитет на овие простори и треба да се вклучат во процесот за решавање на спорот за името. Не ни пречи да остане уставното име, ниту пак, да се дојде до решение за ново име. Но, битно е со евентуалното ново име на државата да не се идентификуваат етничките Македонци. Во меморандумот што го подготвуваме бараме експерти Албанци да бидат вклучени во процесот, бидејќи ДУИ само дава бланко подршка на одлуките на македонската Влада – вели Положани.

Освен Положани, меѓу иницијаторите на меморандумот се споменуваат и професори и интелектуалци како Абдула Мемети, Арсим Синани, Авни Авдиу, Нијази Муамети…

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY