Актерката живее со сопругот и со 18 години помладиот љубовник – тоа...

Актерката живее со сопругот и со 18 години помладиот љубовник – тоа го може само оваа жена ФОТО

2871
SHARE
Профимедиа

Ексцентричната шкотска актерка Тилда Свинтон (56) шест месеци живее со уметникот Џон Брн (78) со кој ги има близнаците Онор и Ксавиер, а другите шест ги поминува со нејзиниот помлад љубовник Сандро Куп.

Еден период со нив живеела и девојката на Џон, а Сандро често знаел да преноќи кај нив. Со тоа, оваа потполно неконвенционална, но среќното семејство предизвикало големо чудење кај јавноста.

– Свесна сум дека сме поинакви, но сите сме многу среќни во ваквата заедница и тоа функционира. Луѓето се склони кон осудување на сè што е поинакво, тоа не ме чуди ниту вознемирува – изјавила Тилда во едно интервју.

Актерката која е позната по необичниот живот и андрогениот изглед не обрнува внимание на туѓите мислења и секогаш истакнува дека животот во нејзиното семејство неизмерно ја исполнува.

Славната актерка и нејзиното момче Сандро се запознале во 2004 година на сетот на филмот „The Chronicles of Narnia: The Lion, the Witch and the Wardrobe“, а Сандро се вселил во нејзината куќа за да учествува во воспитување на нејзините близнаци.

– Сето тоа е мошне здодевно. Таткото на моите деца и јас сме многу добри пријатели, а јас сум сега во среќна врска со друг. И сите сме пријатели. Животот не мора да биде комплициран. Мора да имате сочувство и да не се обвинувате себеси кога работите ќе станат комплицирани – изјавила актерката во едно неодамешно интервју.

Подготви: K. A.

Tilda Svinton i dečko Sandro Kop

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY