Не претерувајте со мебелот: Најчести грешки при уредување на домот

Честопати луѓето претеруваат при уредување на својот дом и поради тоа домот изгледа неуредно и неорганизирано. Еве неколку совети за добро уредување на домот.

Среден ходник

Ходникот е првата просторија на која наидувате кога влегувате во домот и во која ги пречекувате гостите. Затоа потрудете се ходникот секогаш да биде чист и уреден. Некој едноставен детаљ, на пример слика или вазна, ќе го подобри целокупниот впечаток за вашиот дом.

Огледало во малите простории

Ако дневната соба ви е мала, поставување на огледало во неа ќе помогне за таа да изгледа поголема. Можете да изберете разни рамки, но најважно е огледалата да бидат што поголеми. Тие, освен што прават просторот да изгледа поголем, исто така и рефлектираат светлина и ја разубавуваат просторијата.

Не претерувајте со мебелот

Една од најголемите грешки при уредување на домот е пренатрупаноста. Затоа не ставајте премногу детали во просторијата. Колку помалку мебел – толку подобро.

Комбинирајте ги боите

Комбинацијата со бои игра најважна улога во декорирање на домот. Затоа внимавајте како ги комбинирате боите. На пример, ако вашите ѕидови се со потемна нијанса, бирајте мебел во светла или контрастна боја и обратно.

Осветлување

Лошото осветлување може да ја расипе убавината на вашиот дом? Важно е светлината да биде во склад со потребите на просторијата. Немојте да користите преголеми светла само за да ја декорирате просторијата. Користете светло само за да ја подобрите убавината на декорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот