Не претерувајте: Колку јајца дневно смеете да изедете

Луѓето што имаат дијабетeс, висок холестерол или покачен крвен притисок, треба да ја ограничат употребата на јајца, бидејќи постојано мораат да водат сметка околу количината на внесен холестерол. За овие луѓе, препорачаната дневна доза на внесен холестерол во крвта изнесува околу 200 милиграми. Колку за споредба, во една жолчка се содржани 100 милиграми холестерол.

Јадењето јајца, независно дали станува збор за пржени, варени или печени, на овие простори е речиси секојдневие. Најчесто јајцата се јадат за појадок, но неретко тие се консумираат и како додаток на главните јадења како дел од одредени сосови, преливи и сл.

Токму поради зачестеното јадење јајца, најверојатно секој од нас досега неколкупати се има прашано колку всушност јајца е дозволено да се изедат и тоа на дневна основа, дали хронично болните луѓе смеат да јадат и по неколкупати на ден, а исто така колку јајца е дозволено да јадат децата, а притоа да им донесат позитивни, а не негативни ефекти по нивното здравје.

Лекарите и нутриционистите со поделени мислења

Кога станува збор за тоа колку јајца всушност смеете да јадете на дневна основа, нутриционистите и лекарите имаат различни ставови околу ова прашање. Некои тврдат дека консумирањето голем број на јајца на дневна или на неделна основа е исклучително штетно, бидејќи во составот содржат поголеми количества холестерол, кои доколку редовно се внесуваат во организмот, можат да предизвикаат посериозни здравствени проблеми какви што се појава на одредени срцеви заболувања, покачување на триглицеридите и на холестеролот во крвта.

Дел од лекарите и нутриционистите, пак, воопшто не се согласуваат со ваквите тврдења бидејќи според нив во јајцата се концентрирани цела палета хранливи витамини и минерали, кои благотворно влијаат врз човечкиот организам. Единствено на што треба да внимаваат луѓето е количеството на изедени жолчки, а кога станува збор за белките, според оваа група експерти, дури е и препорачливо да се јадат во поголеми количини, бидејќи се богат извор на белковини, кои му се неопходни на секој организам без разлика на која старосна група ѝ припаѓа.

Сепак, и обата табора на експерти во областа на храната се едногласни дека јајца задолжително секој од нас мора да ги јаде, и тоа најмалку по две во текот на една седмица, а најмногу две во текот на денот доколку лецето е здраво. Оваа количина на варени, пржени или печени јајца, во никој случај не може да предизвика штета на организмот.

Според нив, просечна возрасна личност, без никаков проблем може да внесува  по две јајца дневно.

Направени се многу истражувања

Околу прашањето колку јајца во текот на еден ден може да изеде еден возрасен човек, направени се голем број истражувања.

Според едно такво истражување, кое било направено во САД, луѓето што јаделе три јајца во текот на денот додека биле на специјален режим на исхрана, успеале да ослабат многу побргу, во споредба со луѓето што биле подложени на истиот режим на исхрана, но со помалку изедени јајца на ден.

Внимавајте на изедените жолчки

Жолчките во јајцата содржат дури 90 отсто калциум, железо, фосфор, цинк, витамин Б1, Б6 и Б12 од вкупната количина на јајцето. Затоа мора да јадете жолчки, но се разбира не во големи количини бидејќи содржат и поголеми количества маснотии, кои е препорачливо редовно да се внесуваат. Уште една предност што ја имаат јајцата е тоа што во својот состав содржат поголеми количества протеини како и витамини што ги растопуваат масните наслаги какви што се витамините А, Д и Е.

За поголемиот број луѓе, колку и да јадат јајца, нивното ниво на холестерол и на триглицериди во крвта нема да се покачи бидејќи во својот организам имаат намалено ниво на заштитени масти.

Сепак, луѓето што имаат дијабетес, висок холестерол или покачен крвен притисок, треба да ја ограничат употребата на јајца бидејќи постојано мора да водат сметка околу количината на внесен холестерол. За овие луѓе, препорачаната дневна доза на внесен холестерол во крвта изнесува околу 200 милиграми. Колку за споредба, во една жолчка се содржани 100 милиграми холестерол.

Покрај тоа, добро е да се знае дека јајцата е најдобро да ги внесувате сварени и тоа исклучително во комбинација со свежи сезонски салати, кои ќе ги зачините со маслиново, а не со сончогледово масло.

Секој ден почнете го со две варени јајца

Доколку сакате постојано да имате енергиja за многу лесно да се справите со постојаните предизвици што ги носи секој нов ден, а притоа да се чувствувате свежо и мотивирано, секое утро за појадок јадете по две варени јајца.

Јајцата изобилуваат со многу витамини и минерали.

Од друга страна, пак, поради фактот што во жолчката на јајцата е содржан холинот, нивното редовно консумирање ќе ви го подобри помнењето, ќе ви ја подобри концентрацијата, а ќе почувствувате и промена во брзината на вашето размислување и одредени рефлекси постапки ќе ви станат значително подобри.
Во составот на јајцата има и лутеин, кој може многу да ви го подобри видот. Лутеинот се наоѓа во очните зеници, а неговото консумирање ја штити мрежницата на очите и ја намалува можноста за појава на катаракта.

Инаку, добро е да се знае и дека јајцето е најкорисна храна достапна на човекот и може да го вклучите во дневното мени. Во едно варено јајце се содржани вкупно 70 калории, кои кога ќе ги внесете во организмот ќе ве држат сити подолго време. Покрај тоа, во составот на јајцето има многу витамини и минерали, кои му се потребни на организмот за да функционира нормално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот