Не престанува да руши рекорди: „Били Џин“ со над милијарда прегледи на „Јутјуб“

фото: Инстаграм

Легендарната поп-икона Мајкл Џексон и по смртта продолжува да руши рекорди во светот на  музиката. Спотот за неговата песна „Били Џин“ надмина една милијарда прегледи на „Јутјуб“, што му овозможи на кралот на поп музиката да влезе во т.н „Клуб на милијарда прегледи“.

„Били Џин“ е трето музичко видео од 1980-те години кои имале над милијарда прегледи, по „Sweet Child O’ Mine“ на „Ганс едн роузес“  и  Take On Me“ на „А-ха“. Музичкото видео по премиерата во 1983 година кога се најде на  првото место од Билборд топ листите, по што освои две Греми награди и беше номинирано за најдобра песна во 1984 година, имало во просек над 600 илјади прегледи глобално во 2021 година, пишува „Bilboard“.

Режисерот на видеото Стив Барон, е еден од тројцата продуценти кои го поддржале албумот на Џексон  „Tрилер“, кој до денес е најдобро продаван албум на светско ниво. Истоименото видео на „Јутјуб“ досега има над 765 милиони прегледи.

Инаку ова достигнување на песната „Били Џин“ се поклопува со 12годишнината од смртта на Џексон, која се случи на 25 јуни 2009 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот