„Не правете резервации на годишните одмори“: Сè помали шансите до лето да има нормализација во авио-сообраќајот

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Од ден на ден сè повеќе се влошуваат шансите за закрепнување на европските авио-превозници погодени од кризата со коронавирусот, особено откако британскиот министер за вакцинирање Надим Захавио на граѓаните им предложи да не ги резервираат летните одмори, а Германија драстично ги ограничи патувањата.

– Британците во никој случај не треба да прават резервации на своите годишни одмори, изјави британскиот министер Захави.

– Во моментов во британските болници има 37.000 пациенти со ковид-19 и затоа е прерано да се планираат летните одмори, додаде тој.

По почетокот на вакцинирањето во декември, вредноста на акциите на авионските компании „малку се повратија”, но неделава повторно се најдоа под притисок на загриженоста дека новиот вид на коронавирус и новите блокади може да ја загрозат најважната летна сезона во овој сектор.

Аналитичарите наведуваат дека иако големите превозници својата ликвидност и преживување на падот на прометот го обезбедија многу месеци однапред, најновиот застој ќе значи дека на некои најверојатно ќе им требаат нови средства за да ја преживеат следната зима, во многу потешки услови, додека послабите превозници може и да пропаднат.

Воведувањето нови ограничувачки мерки и барања за тестирање ќе предизвикаат поголеми проблеми во текот на летото, како и послабото закрепнување на побарувачката отколку што во моментов инвеститорите очекуваат.

Изгледите за патување за време на велигденските празници, кои годинава се на почетокот на април, веќе се сметаат за речиси безнадежни.

Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот им порача на пратениците дека „не треба да има туристички патувања”, додека владата најави поостри мерки.

За време на кризата, владите се обидоа да ги одржат врските на патниците меѓу земјите на ЕУ и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА). Сепак, за време на викендот, Шведска забрани патување во соседна Норвешка во обид да се запре ширењето на новите видови на ковид-19, додека Белгија ги забрани сите непотребни патувања.

Велика Британија, исто така, размислува за задолжително затворање во „карантин хотели” за некои меѓународни пристигнувања, пред се е од некои азиски и латиноамерикански земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот