Не постојат волшебни диети и волшебни апчиња за слабеење - Слободен печат

Не постојат волшебни диети и волшебни апчиња за слабеење

Да ги разбиеме заблудите за слабеење.

Од незнаење луѓето воглавно применуваат две методи за намалување на тежината. Првата метода е драстична диета со намалување на калориите до опасно ниско ниво, понекогаш и под 500 калории на ден. Второ, употреба на диета со „волшебна“ конструкција на „комаптибилни продукти“ кои се јадат само во одредено време на денот.

Да ги разбиеме сите митови: за да ослабнете потребно е да имате калориски дефицит, тоа е првата и основна компонента, но тоа не значи да гладувате со патолошка диета. Вакви диети функционираат краткотрајно, а праксата покажува дека 80 отсто од оние кои ја применувале „волшебната“ диета ја враќаат својата првобитна телесна тежина најмногу за една година.

Салото е само „мртва“ тежина

Не само за спортување туку и за општата благосостојба, она што го носите на себе како товар само ви го отежнува животот. За да бидете здрави или пак, успешни во својата дисциплина треба да се ослободите од мастите. Со соодветна нутриционистичка насока тоа може да го направи секој човек. Оние кои активно вежбаат од 4 до 6 пати неделно, имаат масти во телото од 12 до 18 проценти кај мажи, односно од 18 до 25 кај жени. За жал, под влијание на различни квазинутриционисти и модерни советници за диети, луѓето применуваат најразлични методи за да ја намалат својата тежина, но при тоа го намалуваат и своето здравје и своите перформанси.

Зошто „волшебните“ диети не функционираат?

Тие се сконцентрирани на намалување на тежината наместо на коректниот пристап – намалување на масното ткиво. Со нискокалоричните диети од 800 до 1200 калории дневно, доаѓа до намалување на тежината и до 45 отсто со канибализација на сопствената мускулатура – единственото активно ткиво кое ги согорува маснотиите. Зачувувањето на мускулатурата е најважната работа  за да ја загубите телесната маснотија. Што помалку мускулатура имате – толку е помал вашиот базален метаболизам и толку ќе биде потешко да се ослободите од маста.

Заблуда: калорија е калорија!

Сè уште е општ мит дека калорија е калорија, независно од каква храна доаѓа. Калориите кои ги внесувате со масти ве прават помасни. Јадејќи повеќе мрсна храна се здебелувате повеќе отколку јадејќи јагленохидрати или белковини. Затоа, избегнувајте ги маснотиите од животинско потекло што е можно повеќе.

ЧЕКОР 1: Прво правило за перманентен губиток на маснотии е: не губете повеќе од 250 г масти неделно! Ќе забележите мала промена во првите 2 месеца, меѓутоа во текот на годината телесните маснотии ќе се намалат меѓу 3 и 6 проценти. Во меѓувреме телото ги ремоделира сите хормони, ензими и ткива за да се прилагоди на новата ситуацијаи. За 12 до 18 месеци ќе успеете да ја промените композицијата на телото без да активирате ниту еден од неговите одбранбени механизми.

ЧЕКОР 2: За да бидете сигурни дека губите масти, а не мускулатура, важно е да го мерите вашиот телесен состав секои 2 месаца. Тоа се прави со калипер (штипка), но посовремен начин е со електронска вага која автоматски покажува колку маснотии имате во телото.

ЧЕКОР 3: Единствена храна од која треба да се откажете се заситените масти ( сите масти од животинско потекло кои се наоѓаат во сланина, џимиринки, колбаси, паштети, путер, павлака, мрсни сирења и кашкавали, свинско и јагнешко месо и сл). Елиминирајќи ги може да го обезбедите тој 10 процентен калориски дефицит кој ви е потребен за здраво слабеење.

Прочитај повеќе

Хороскоп за 24 Јануари – Што ве очекува овој петок?

Слободен печат

Виц на денот: Муабет

Слободен печат

Здрав колач со чиа семе и чоколадо

Слободен печат

Симптоми кои откриваат каква несоница ве мачи

Слободен печат

Ова ќе биде најпопуларна фризура во 2020 година!  

Слободен печат

ТЕСТ: Откријте дали сте привлечна, искрена или пребирлива заводничка

Слободен печат

Остави Коментар

nineteen − one =

Прочитај повеќе

Наши миленици: Перо, другар му на Миланче, Ушка, Шаре и мачката Карлита

Слободен печат

Домашен декор: Класичната сина боја ќе ја одбележи 2020  

Слободен печат

Поради овие грешки може да изгледате НЕУРЕДНО

Слободен печат

Жените кажаа како треба да изгледа совршениот маж

Јасмина Кантарџиева Димков

Типови на срам и какви се последиците врз личноста

Слободен печат

Моника Белучи со „вау“ нов имиџ

Слободен печат