Не постојат правни пречки, но потребна е посебна регулатива за работа од дома

работа од дома
Работа од дома / Фото: Профимедиа

Се повеќе компании работата од канцаларија ја преселија во домовите на вработените. „Слободен печат“ консултираше повеќе правници како во нашето законодавство е регулирана работата од дома и дали за домашните трошоци се предвидени додадоци на плата.

Според правниците, не постојат правни пречки за воведување на работата на далечина како форма на организација на работењето, но тоа треба да се прецизира во закон.

– Во нормални услови и околности, работата на далечина може да се воведе само врз основа на взаемна согласност на работодавачот и работникот и со анекс на договорот за вработување. Промената на местото на вршење на работата, со целосна или делумна, трајна или привремена замена на деловните простории на работодавачот со домот или други простории по избор на работникот, претставува битна промена на договорот за вработување, за која е потребна взаемна согласност помеѓу работодавачот и работникот. Согласно постоечката правна рамка, доволно е да се склучи „анекс на договорот за вработување“, со кој ќе бидат уредени правата, обврските и условите за работата дома. Многу битен елемент, кој во иднина бара детално прецизирање е секако работното опкружување во домот и поврзаните трошоци, со оглед на фактот дека трошоците за работа од дома обично не се надоместуваат според повеќето национални закони и практики, велат правниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот