7 C
Скопје

Не постои пооригинална честитка за 8 Март: Најубавите цитати за жените што ги смислиле големите писатели

Ако немате креативна идеја која би сте ја искористиле како честитка за Денот на жената, секогаш можете да ги искористите зборовите на големите писатели.

Паоло Коелјо

Она што е судено секогаш ќе најде начин.

Шекспир

Кога те видов, се вљубив. А ти се насмевна, зашто знаеше.

Џ. Р. Р. Толкин

Повеќе би сакал да поминам еден ден со тебе, отколку да се соочам со сите години во светот без тебе.

Орхан Памук

Среќа е да држиш некого во прегратка и да знаеш дека во рацете го држиш целиот свет.

Фото: Профимедиа

Халед Хоеини

Ќе те следам до сите краеви на светот.

Јован Дудиќ

Жените ги разнежнуваат срцата, градат јазик на друштвеност и ги подигнуваат љубовта и убавината до религиите и мудроста.
Мажите се храбри пред смртта, а жените пред животот: мажите пред другите мажи, а жените пред целата судбина.

Прочитајте и...  Сопругата на Хју Грант не е заинтересирана за неговите минати гревови: Афера со проститутка и две деца родени во иста година од различни жени

Иво Андриќ

Жената стои како капија на излезот и на влезот на овој свет.

Максим Горки

Саканата жена никогаш не може да остари.

Фото: Профимедиа

Џорџ Гордон Бајрон

Не доаѓа ли првиот живот од женските гради? Првите зборови ги учиме од нејзината уста, првите солзи тие ни ги ублажуваат и последниот свој здив го испуштаме често на рацете на жените.

Жената не знае да почитува, туку да сака. Жените не бараат ни вие да ги почитувате, туку да ги сакате. Тие веруваат дека најпрво треба некого да сакате за потоа вистински да го почитуваат.

Рабиндранат Тагоре

Каква и да си, нека си, дојди; не колебај се при облекувањето.
И косата нека ти е расплетена и патецот замрсен и елекот откопчан, што дека.
Каква и да си, нека си, дојди; не колебај се при облекувањето.

Прочитајте и...  ВИДЕО | За племето од островот Тана принцот Филип бил Бог: Смртта на војводата од Единбург ќе ја одбележат со посебни ритуали

Поврзани вести

ФОТО | Седа коса, а таа непрепознатлива: Погледнете каква промена претрпе убавата Белучи за новата улога

Слободен печат

Реченици кои треба да ги избегнувате на интервју за работа

Слободен печат

Адвокатот на Вајнстин тврди: Тој е веќе речиси слеп, му испаѓаат и забите

Слободен печат

Чоколадо, грозје, коски од живина и друга храна која не смее да ја јаде вашето куче

Слободен печат

Поради неа луѓето се самоубивале: Ова е најтажната песна во Југославија која Тито лично ја забранил

Слободен печат

Ковчегот во кој ќе биде погребан принцот Филип е направен пред 30 години: Еве зошто тој е обложен со олово

Слободен печат

Остави Коментар