Не помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието одби денеска да ја разреши Јанева

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Денеска во Собранието не беше реализиран предлогот на опозициската партија за тоа да се гласа за разрешување на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева.

Според партијата на Христијан Мицкоски, дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот „Рекет“, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски.

Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Собранието денеска да гласа Јанева да биде разрешена.

Според ВМРО-ДПМНЕ, нејасно е зошто власта ја штити Катица Јанева од разрешување на очиглед на целата јавност за нејзината злоупотреба на службената положба.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го ставил предлогот пратениците денеска да гласаат за разрешувањето на Јанева, но претходно образложил дека разрешувањето на шефицата на СЈО треба да биде на посебна седница и по претходен политички договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот