Не поднесувам оставка, ќе ја лоцирам одговорноста

Оливер Спасовски /фото: МИА

Нема да поднесам оставка поради бегството на Сашо Мијалков зашто тоа би биле слабост и бегање од проблемите, туку ќе барам одговорност во сите структури, зашто мора да ја продолжиме борбата против криминалот – изјави миниситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вирутелна прес конференција посветена на бегството на поранешниот шеф на тајната полиција.

-За да се чувствува одговорност, значи дека треба да направите пропуст намерен или да не постапите во однос на овие насоки што се дадени. Според хронологијата на настаните, гледате дека МВР постапува веднаш од добивањето на информациите со сите расположливи средства. Ние мора да ја бараме одговорноста во непостоењето на целиот систем – одговори Спасовски на новинарско прашање дали ќе си поднесе оставка по бегството на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.

Според него доколку системот не се среди тогаш и понатаму ќе се случуваат вакви настани. Тој смета дека Мијалков е се уште во земјава, затоа што не е забележан на граничните премини. Тој потврди дека МВР, од обвинителката Вилма Рускоска добила известување на можноста за негово бегство и по тоа постапиле.

-Сега е моментот во кој што ние мора да ги насочиме сите сили да го најдеме бегалецот и да го изведеме пред лицето на правдата. Бегањето од таа одговорност носењето на оставка нема да ги реши само по себе проблемите па чија сака да е таа оставка. На тој начин само ќе овозможиме дека ќе дојде до триумф на криминалците ви за ви институциите на системот. Напротив, сметам дека треба да има детална истрага за целиот случај доколку има било кој што допринел за оваа ситуација за бегство итн. Не да носи морална одговоност, туку кривична, без разлика кој е дали е министер, дали е некој во службите или дали е некој во судот или во обвинителството – рече Спасовски.

Според политикологот Алберт Муслиу, треба што побрзо да се лоцира одговорноста за бегството на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и оние кои згрешиле да ја сносат вината.

-Дури грешката и да е системска можеле да ја поправат по грешката со бегството на Груевски. Но, сега најпрво таа треба да се лоцира и да си сностат одговорност оние што згрешиле, вели Муслиу.

И претседателот на ЛДП Горан Милевски, вели дека ситуацијата со Мијалков загрижува бидејќи ни се повторува во континуитет.

-Не е сериозно држава претендент на ЕУ, да не може да обезбеди издржување на казна за осомничени лица за криминал. ЛДП не бара одговорност од никого, туку треба да се запрашаме дали системот функционира и дали се неопходни системски промени, вели Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот